Дома Фудбал Германија Последниот судиски свирже за легендите: Чаби Алонсо и Лам ги закачија копачките на ѕидот

Последниот судиски свирже за легендите: Чаби Алонсо и Лам ги закачија копачките на ѕидот

Фудбалскиот свет, во саботата, во пензија испрати двајца великани на оваа игра. Играчите на минхенски Баерн, Филип Лам (33) и Чаби Алонсо (35), со победа над Фрајбург 4-1, ставија крај на своите кариери.

Баерн повторно немаше вистинска конкуренција во Бундеслигата, поради што и мечот со Фрајбург повеќе личеше на ревијален.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Капитенот Лам сезонава ја освои осмата тиутла во првенството, а мечот со Фрајбург му беше 517 во дресот на Баерн, каде ја мина целтата своја кариера.

Кариерата ја заврши и поранешниот играч на Реал Сосиедад, Ливерпул и Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Овој фудбалер во последните 12 години од својата кариера освои 17 титули. Инаку Алонсо во својата ризница ги има сите вредни трофеи во светото на фудбалот, вклучувајќи една светска и две европски титули со Шпанија.

Лам и Чаби Алонсо заедни имаат 12 титули во најсилните европски првенства, осум Купови, три во Лигата на шампионите, а на репрезентативно ниво освоиле заедно две светски и две европски титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рома останува без голема легенда: Си заминува човекот кој повеќе од половина век помина во клубот!

Се завршува една ера за Бруно Конти во Рома. Италијанската легенда се пензионира по неверо…