Moхамед Бин Салман наскоро ќе стане газда на англискиот Њукасл и медиумите веќе на големо пишуваат дека ова е почеток на создавање на тим кој ќе бори за најголемите трофеи.
Принцот на Саудиска Арабија нема да штеди и наводно сака веднаш да направи супер тим. Португалската „А Бола“ повикувајќи се на свои извори од Англија денес пишува дека во негов план се Фелипе Кутињо и Антоан Гризман, двајцата се во сопственост на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Својата информација тие ја поткрепуваат со тоа што тврдат дека и Салман знае дека на Барселона и се потребни пари за да доведе некој од Нејмар и Лаутаро Мартинез, па затоа сака по секоја цена да го продаде Кутињо кој во овој момент е позајмен на Баерн.
Баерн има опција да го откупи Кутињо за 120 милиони евра, меѓутоа според игрите кои ги прикажа такво нешто не се очекува, а во Каталонија пак Бразилецот е вишок.
Додека ситуацијата кај Кутињо е поедноставна, онаа кај светскиот шампион баш и не е. Имено, Французинот минатото лето пристигна од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, но во Барселона засега не се адаптираше најдобро. Се пишуваше и дека има проблем со комуникацијата со најголемата ѕвезда во Барселона, Лионел Меси. На теренот пак е очигледно дека Гризман е далеку од хемијата која меѓусебно ја создадоа Меси и Суарез. Тука се потсетува и на изјавата на Меси од пред некое време кога јавно потврди дека сака да ги види Нејмар или Лаутаро во Барселона.
Дали има прилика и дали ако ја има ќе ја искористи принцот останува времето да покаже.
Тука можете да прочитате за најавата на Англичаните од пред неколку дена за моќен Њукасл.