Дома Трансфер зона Португалските гиганти тргнуваат по потписот на Бојан Кркиќ

Португалските гиганти тргнуваат по потписот на Бојан Кркиќ

bojan krkic

Некогашната голема надеж на Барселона и сегашен напаѓач на Стоук, Бојан Кркиќ го привлече вниманието на португалските гиганти, Порто и Бенфика.

Многу клубови во текот на припремните натпревари го скаутираа поранешниот фудбалер на Барселона, а Кркиќ покажа одличи настапи. Порто и Бефика сега размислуваат за негово доведување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стоук испадна во Чемпионшип и веќе го изгубија Џердан Шаќири кој заврши во Ливерпул, па се очекува заминување и на Кркиќ, но во клубот сигурно нема да го пуштат доколку не добијат понуда која ги задоволува нивните барања.

Во Англија трансфер пазарот се затвара во четврток, па така Стоук нема премногу време за големи промени. Но клубовите кои не се дел од Премиер лигата имаат право да доведаат играчи на позајмица и после четврток.

Тоа значи дека Кркиќ кој минатата сезона ја помина на позајмица во Алавес сега повторно би можел да заигра во нова лига.

Во својата кариера овој фудбалер го носеше дресот на: Барселона, Рома, Милан, Ајакс, Стоук, Манјц и Алавес.

Кркиќ има договор со Стоук до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…