Неколку часа пред затворањето на летниот трансфер период Интер може да се раздели со португалскиот репрезентативец Жоао Марио.
Жоао Марио е „пречкртан“ од страна на тренерот Спалети и Интер цело лето чека купец за Португалецот. Најсериозен интерес во моментов покажува турскиот гигант Бешикташ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена Жоао Марио одби да се пресели во Турција, но неговите сонародници Пепе и Кварезма му вршат „притисок“ и го натераа да се предомисли.
Во моментов Жоао Марио тренера со првиот тим на Интер и има шанси да остане на „Џузепе Меаца“, но тешко дека ќе добие шанса за настап. Сега се е во рацете на Португалецот, дали ќе прифати да се пресели во Туција или ќе чека шанса во Интер.
#Inter, #Pepe "chiama" #JoaoMario: il portoghese al #Besiktas? https://t.co/7yWBzoaF24 #serieA #inter pic.twitter.com/F9IMJp9R97
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) August 29, 2018