Миланскиот гигант Интер на крајот на сезоната ќе ја прекине долгогодишната соработката со главниот спонзор „Пирели“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рекламата на оваа компанија стана симбол за Интер, но двете страни ќе ја прекинат соработката на крајот на сезоната.
Раководството преговата со други заинтересирани компании за спонзорски договор, а наводно во Милано пристигнала една интересна понуда.
Сајтот за возрасни „Stripchat“ е спремна да му плаќа на Интер 23 милиони евра по сезона за да биде главен спонзор на дресот.
Засега Интер нема намера да ја прифати таа понуда бидејќи бара 30 милиони евра по сезона, но преговорите продолжуваат.
