Дома Фудбал Останато Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Арсенал открива: Татко ми даде марихуана на 12 години…

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Арсенал открива: Татко ми даде марихуана на 12 години…

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Ливерпул кој играше во финалето ја објави својата автобиографија под наслов „Ментал“ и истата веднаш крена голема „прашина“ во јавноста.

Станува збор за Џермејн Пенант кој сигурно им е добро познат повозрасните љубители на фудбалот. На сцена Пенант стапи како тинејџерско крило во Нотс Каунти и тогаш како 15 годишник направи трансфер во Арсенал за два милиони фунти, што беше рекорд за еден тинејџер во тоа време.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во продолжение од кариерата го носеше дресот на Ливерпул, Стоук и Портсмунт, а Реал Мадрид за неговите услуги нудеше 3.5 милиони фунти.

Пенант бил дете на улицата, а сиромаштијата го приближи до банда поради која скоро и да го загубил животот. Тој и неговите пријатели биле нападнати од заседа со огнено оружје, а тој во тие моменти успеал некако да се сокрие.

„Имаа ножеви, безбол палки и неколку пиштоли. Еден од моите пријатели беше избоден, друг тешко повреден од удар со безбол палка, имавме среќа што никој не настрада од пиштол“, наведува Пенант во својата автобиоградија.

Најголемо внимание сепак привлече делот во кој поранешниот фудбалер тврди дека неговиот татко го понудил со марихуана.

„Дрогата никогаш не ме привлекувала, мислам дека тоа е затоа што имав прилика да видам како делува на луѓето. Никогаш не сум се дрогирал, но еднаш пробав на 12 години. Пробав марихуана која ми ја даде мојот татко на мои 12 години. Се фрлав низ домот целиот во бунило, а татко ми умираше од смеа и ми кажуваше дека тоа ќе ме научи на добра лекција“.

„Марихуаната не ја сметам за толку опасна како хероинот, но од тогаш никогаш повеќе не ја пробав“, стои во биографијата на Пенант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…