Tимот на Ливерпул вчера во првиот натпревар од четвртфиналето ов Лигата на шампионите го победи Порто на домашен терен со 2:0 и така си создаде одлична предност пред реваншот во Португалија.
Сепак, овој натпревар на двата клуба не помина без судиски одлики кои беа тема на коментирање. Салах во второто полувреме сериозно го нагази Данило. Една минута претходно Порто бараше пенал после дуелот на Фелипе и Александер Арнолд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Судијата Лахоз беше покрај аут линијата и проверуваше нешто на ВАР, но не е познато која од двете ситуации ја проверуваше.
Ситуацијата со Салах сега ја коментираше и поранешниот англиски судија, Марк Клатенбург.
„Мо Салах имаше многу среќа што не беше исклучен после стартот над играчот на Порто, Данило. Напаѓачот на Ливерпул, одеше преку топка и јасно се гледа дека со крампоните го удри противникот. УЕФА е јасна во ваквите ситуации: Сите стартови со отворен ѓон на ногата на противникот се за исклучување. Доколку ја погледнеше снимката повторно, сигурен сум дека Салах ќе беше исклучен. Вака тој ќе може да игра и во реваншот“, изјави поранешниот Марк Клатенбург.
Реваншот помеѓу Ливерпул и Порто се игра во текот на наредната недела, а тимот на Клоп ќе патува во Португалија со два гола предност. Головите во вчерашниот натпревар за избраниците на Клоп ги постигнаа Кеита и Фирмино.
If Salah was on the other end, there would be petitions to ban Danilo permanently form football. pic.twitter.com/Umi6uzcdzb
— • (@Chelsea_Related) April 10, 2019