Дома Топ вести Поранешниот стратег на Барса, станува најплатен тренер во светот?

Поранешниот стратег на Барса, станува најплатен тренер во светот?

enrike

Поранешниот тренер на каталонскиот гигант, Барселона доби понуда, ќе има време да размисли, но понудата е навистина одлична.

Станува збор за Луис Енрике кој би можел да седне на клупата на кинскиот Шангај, каде што во овој момент како тренер работи Гас Појет. Уругваецот има очајна сезона, клубот се наоѓа на 11 место на табелата, што е катастрофален пласман за тим кој во своите редови ги ма Тевез, Гуарин и Обафеми Мартинс.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Појет кој претходно работеше во шпански Бетис веројатно ќе добие отказ, а Шангај има намера да на Енрике да му понуди договор од соништата со кој ќе го направи најплатен тренер во светот.

Енрике со Барселона освои девет трофеи, вклучуваќи и тројна круна во првата сезона. Се споменуваше како решение за клупата на Челзи, доколку Антонио Конте одлучи да си замине, но од тоа веројатно нема да има ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…