Дома Македонски спорт Поранешниот репрезентативец Даниел Георгиевски се пензионираше на 33 години

Поранешниот репрезентативец Даниел Георгиевски се пензионираше на 33 години

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Даниел Георгиевски се повлекува од фудбалот на само 33 годишна возраст.

Информацијата дека става крај на професионалната кариера, Георгиевски ја објави на социјалните мрежи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„До семејството, фановите, клубовите и тренерите во фудбалот, ви благодарам. Моето патување беше возбудливо со многу успеси и незаборавни моменти. Со нетрпение го чекам моето следно поглавје со семејството и пријателите“, порача Георгиевски.

Даниел Георгиевски е роден во Австралија меѓутоа донесе одлука да настапува за репрезентацијата на Македонија затоа што неговото семејство потекнува од овие простори. Во Европа дојде како младинец во редовите на Динамо Загреб, потоа играше за Меумурје и Шибеник, па во романска Сетауа. Од 2014 година се врати во Австралија каде што помина неколку клубови.

Дресот на репрезентацијата на Македонија го носеше на 22 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…