Дома Фудбал Останато Поранешниот играч на Барса со критики за Куман: Од него ништо не научив

Поранешниот играч на Барса со критики за Куман: Од него ништо не научив

Роналд Куман го напушти кормилото на репрезентацијата на Холандија и ја превзема Барселона каде што кон средината на 90-тите години настапуваше како фудбалер.

Жерер Делофеу играше под водство на Куман во Евертон и изгледа дека Шпанецот не го цени баш премногу холандскиот стратег.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Од своето лично искуство со Куман можам да ви кажам многу малку. Не ме научи ништо. Не сум задоволен, барав да заминам и заминав во Милан. Ќе видиме како ќе му оди на „Камп Ноу“, изјави Делофеу.

Делофеу ја критикуваше и Барселона.

„Ситуацијата во Барселона навистина не ме интересира. Можам да кажам дека не ја користат „Ла Масија“ веќе со години. Многумина излеговме од таа школа, но клубот немаше трпение. Сега ќе има промени, но веќе заостануваат неколку години“, порача Делофеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите подготвиле специјална кореографија, Пеп им порача: Донесете ја сметката, јас ќе платам

Во последно време во јавноста се шпекулира дека актуелната сезона може да биде последна за…