Карло Анчелоти изрази големо незадоволство по поразот во „Ел Класико“, а потенцираше дека според него голот на Марко Асенсио на десетина миниути пред крајот при резултат 1:1 не требало да биде поништен.
Асенсио ја погоди мрежата на Тер Штеген во 81-та минута, меѓутоа местоа 1:2 за Реал, подоцна во самиот финиш Кеси постигна гол за победа на Каталонците. Со оваа победа Барса сега има 12 бодови предност на врвот на табелата, ако „кралевите“ победеа целосно ќе се вратеа во игра за титулата бидејќи разликата ќе беше само шест бода.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Дека голот на Асенсио бил регуларен смета и поранешниот голман на „кралевите“, Јержи Дудек кој објави фотографија со која илустрираше дека Барса ги поткупила судиите.
