Дома Фудбал Италија Поранешениот играч на Јувентус и Интер, уапсен поради марихуана

Поранешениот играч на Јувентус и Интер, уапсен поради марихуана

Луиџи Сартор е упасен од италијанската полиција поради незаконско одгледување марихуана на плантажа во близина на Парма.

Станува збор за познат италијански фудбалер кој играше за Јувентус, Интер, Рома, Парма, со три од овие четири екипи освојуваше и европски трофеј.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми, денес, објавија дека 46-годишниот Сартор, завршил зад решетки. Во својот дом тој одгледувал марихуана, а полицијата во неговиот дом нашла 106 стебла.

Италијанските медиуми шпекулираат дека од таа количина би можело да се собере 2 килограми марихуана за користење.

Станал соминтелен во текот на рутинска контрола, кога полицијата осетила мирис на канабис, па тргнале да го следат. Сартор во моментов е во домашен притвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…