Женската македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз на контролниот натпревар против Албанија попладнево со 3:1.
Не се најавуваше ваков исход кога уште во третата минута по грешката во албанската одбранa поведовме со 1:0, Наташа Андонова постигна убав гол од далечина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, не успеавме водството да го задржиме ниту до крајот на првиот дел. Албанија изедначи од пенал на 10 минути пред паузата.
Резултатот 1:1 беше актуелен се до самата завршница кога Валетина Трока постигна два гола за победа на Албанија. Посебно лоша беше реакцијата на нашата одбрана при голот за 2:1.
Во овој циклус избраничките на Кирил Изов ги очекува уште еден пријателски натпревар и тоа против Црна Гора во Подгорица за три дена.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА:
Голмани: Викторија Панчурова (Тиверија), Лина Самарџиевска (Шведска);
Одбрана: Даниела Велеска (Риека, Хрватска), Викторија Недева (Хајдук,Хрватска), Ана Милчевска (Сараево, БиХ), Христина Јошевска (Љуботен), Елена Панеска (Каменица Саса), Александра Јовановска (Истатов Кул), Катерина Петкова (Истатов Кул), Јована Павловска (Деспина);
Среден ред: Наташа Андонова (Леванте), Елена Петровска (Љуботен), Александра Марковска (Љуботен), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Елма Шемсовиќ (Каменица Саса), Сара Велкова (Тиверија), Хава Мустафа (Шкендија);
Напад: Гентијана Точи (Купс, Финска), Теа Божиновска (Риека, Хрватска), Јулија Живиќ (Сплир, Хрватска), Марјана Нацева (Борусијам Германија), Јилза Максути (Ас Јунајтед), Оливера Цоклеска (Асс Јунајтед);