Mихајловиќ беснеел после поразот од Келн.
Без оглед што се километри далеку од тренерот, фудбалерите на Болоња го почуствувале бесот на Михајловиќ после поразот од Келн (3:1). Српскиот тренер и понатаму е на терапија во болницата во Болоња и од таму следи се што се случува во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишува италијанската „Република“ повикувајќи се на свој извор се „тресела“ болницата од критиките до играчите кои Михајловиќ ги испраќал преку видео камера.
„Бевме во другата соба, вечеравме и неговото викање го слушнавме многу добро. Тоа е добар знак бидејќи значи дека се чуствува добро“, изјавил изворот на римскиот клуб.
Дека критиките вродиле со плод покажаа победите кои следеа потоа против Шалке (3:2) и Аугусбург (3:2).
„Шефот беше бесен после мечот со Келн и тоа јасно ни го кажа. Поради тоа се потрудивме на наредните натпревари да одиграме подобро“, изјави Роберто Соријано, играчот за врска на Болоња.