Дома Трансфер зона Поради лично задоволство го одби богатството на ПСЖ

Поради лично задоволство го одби богатството на ПСЖ

ПСЖ со целото свое богатство дефинитивно доминираше во светот. Тие фудбалери кои ПСЖ ги сака во своите редови многу брзо и го облекуваат дресот на „Принцовите“, а докази за тоа има многу.

Сепак, ги има и оние кои среќата и задоволството во помалиот клуб е поважна од милионите, тоа го покажа шпанскиот голман, Пепе Реина.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


ПСЖ е заинтересиран за услугите на голманот на Наполи, но тој тоа го одби. Агентот на Реина изјави дека ПСЖ е подготвен да му понуди на голманот зголемување на платата и договор на подолг период, но дека Шпанецот не бил заинтересиран.

„Вистина е дека ПСЖ испрати понуда и Наполи беше подготвен да го продаде Реина, бидејќи тој следното лето ќе биде слободен играч. Сепак, по многуте разговори тој одлучи да остане, бидејќи навистина е среќен во овој клуб“, изјави Мануал Гарсија Килон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен ја сака ѕвездата на Евертон

Винсент Компани работи на засилување на тимот за следната сезона и сака во Баерн Минхен да…