Дома Фудбал Поради бизарна клазула Демебеле во последните два натпревари одигра само 37 минути

Поради бизарна клазула Демебеле во последните два натпревари одигра само 37 минути

Веќе е добро познато дека Дембеле има договор со Барселона до крајот на оваа сезона, а на крајот на следниот месец ќе биде слободен играч доколку не го продолжи договорот.

Преговорите со Барселона се уште траат, но наводно шансите да остане се помали затоа што во игра е ПСЖ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дембеле во јануари изјави дека нема да потпише нов договор, поради што челниците на клубот побараа од Чави да го избрка Французинот од првиот тим. Меѓутоа подоцна беше вратен и започна да прикажува одлични настапи.

До крајот на сезоната Дембеле играше на скоро секој натпревар и покажа дека е еден од најдобрите играчи што ги има Барса.

Сепак, на претходните два натпревари Дембеле одигра само 37 минути против Гетафе и Виљареал и на многумина не им беше јасно зошто остана на клупата на двата натпревари, а играше само во финишот.

Но шпанските медиуми утрово објаснија дека Чави имал многу добра причина зошто му дал таква минутажа на Дембеле. Ова се должеше на уште една бизарна клаузула која е во трансферот на Барселона и Дортмунд околу овој играч.

Имено, доколку Французинот одигра повеќе од 45 минути на овие два натпревари, Барселона ќе требаше да му плати дополнителни 1,5 милиони евра на Дортмунд и тоа е главната причина поради која одигра само 37 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…