Работнички го врати искусниот напаѓач Крсте Велкоски и ја освежи меморијата на шампионските денови во Дебар Маало. Тој ќе донесе непроценливо искуство за младиот тим на Работнички, но и квалитет во навалната линија во пресрет на новата сезона.




Извршниот директор на клубот, Иван Поповски, вели дека Работнички веднаш реагираше откако увиде дека Велкоски е слободен агент, по заминувањето од Сараево.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Крсте Велкоски во својата ДНК го има Работнички. Не размислувавме ниту момент дали треба да го вратиме во клубот. Неговото враќање е од непроценливо значење.




Тој ќе донесе голем квалитет во тимот на Љупчо Марковски, но исто така ќе биде и лидер и ќе им го покаже патот кон европските височини на младите фудбалери. Работнички и понатаму не отстапува од својата стратегија за форсирање на млади и талентирани фудбалери, а токму Крсте Велкоски треба да ги предводи со своето искуство“, вели Иван Поповски.