Голем број фудбалери од Европа ова лето прифатија понуди од Саудиска Арабија, а сигурно ќе има и други, но Џејми Варди нема да биде еден од нив.
Според информациите на „Скај Спорт“, напаѓачот на Лестер одбил понуда од екипата на Калиж од Саудиска Арабија затоа што животот во оваа земја не му одговара. Варди има уште една година од договорот со Лестер и допрва треба да донесе одлука за својата иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, клубот кој пред седум години беше шампион на Англија сезонава испадна во Чемпионшип. Варди за Лестер игра од 2012 година и за клубот постигна вкупно 170 голови.
BREAKING! Leicester striker Jamie Vardy has turned down an approach from Saudi Arabian side Khaleej FC. pic.twitter.com/R8bdrs1xYs
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 29, 2023