Tренерот на Барнли каде што игра македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов наводно е на мета на Тотенхем.
Како што е познато, Антонио Конте би можел и официјално да добие отказ од Тотенхем во следните два дена, а сопственикот Даниел Леви веќе бара алтернативи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претходно во неколку наврати се споменуваа Маурисио Покетино, па дури и Томас Тухел, а сега во приказната одеднаш влезе и Компани.
На Белгиецот му оди одлично во Чемпионшип и неговиот Барнли е пред ваќање во Премиер лигата. Компани има големи амбиции, но засега не е познато дали е подготвен да го напушти Барнли по првата сезона. Сепак, понуда од Тотенхем би можела да биде примамлива опција.
Треба да се напомене и дека Пеп Гвардиола по средбата со Барнли викендот во ФА Купот изјави дека очекува Компани во иднина да стане менаџер на Манчестер Сити, а Тотенхем секако би бил голем чекор напред кон таквата цел. .