Сопственикот на лондонски Фулам, американскиот милијардер со пакинстанско потекло Шахид Кан на Фудбалскиот сојуз на Англија понудил 800 милиони фунти за купување на „Вембли“!
Најголемиот англиски стадион е дом на репрезентацијата на Англија и привремено на Тотенхем, а Кан на ФА понудил 500 милиони во кеш, 300 милиони преку угостителството кое ќе и припадне на ФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Управниот одбор денес ја добил оваа понуда која секако ќе биде разгледана. Медиумите на Островот пишуваат и дека е премногу добра за истата да биде одбиена.
ФА изгради нов „Вембли“ со капацитет од 90.000 места на стариот во 2007 година, а изградбата чинеше 757 милиони фунти. Треба да се истакне и дека е земен кредит кој ќе се исплаќа до 2024 година.
Во случај на продажба на „Вембли“ овој стадион и понатаму би останал дом на репрезентацијата, финалето на ФА Купот, плеј-офот за пласман во Премиер лигата, како и финалето на англиската рагби лига, додека новиот сопственик би ги добил спонорските права.