Дома Топ вести Поминаа 30 години од неверојатниот подвиг на легендата на Реал – 38 допири, 38 гола! (ВИДЕО)

Поминаа 30 години од неверојатниот подвиг на легендата на Реал – 38 допири, 38 гола! (ВИДЕО)

Хуго Санчез четири пати во низа беше најдобар стрелец во шпанската лига во 80-тите години на минатиот век, а потоа Балтазар од Атлетико во 1989 година ја прекина неговата низа.

Веќе во следната сезона стигна одговорот на Санчез и тоа на неверојатен начин. Мексиканскиот напаѓач во дресот на Реал постигна 38 голови, а во историјата влезе затоа што верувале или не сите голови ги постигна со еден допир.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Головите ги постигнуваше со десна, лева нога, ножички, прсти, лизгачки стартови, пенал, слободен удар…

„Хуго сега е мит“ беше денешниот наслов на „Марка“.

Инаку, денес изминуваат 30 години од кога Мексиканецот постигна хет-трик со три допири во Овиедо и го изедначи рекордот по бројот на голови на Зара. Подоцна неговиот рекорд го сруши Роналдо кога во сезоната 2010/2011 постигна 40 голови.

Санчез во Реал се задржа две години, а кариерата ја заврши во 1997 година во Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пресврт: Модриќ става потпис на нов договор

Иако се очекуваше ова да биде последната сезона на Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид, с…