Пол Ван Бокел, ВАР судијата од натпреварот помеѓу Англија и Данска за првпат во медиумите зборуваше за пеналот на Англија против Данска во полуфиналето досуден во продолженијата.
Судијата Дани Макели во 104. минута досуди пенал кој беше потврден од ВАР собата каде што главен беше Бокел. Пеналот Кејн го реализираше и Англија се пласираше во финалето каде што изгуби од Италија.
Бокел сега признава дека пеналот е престрого досуден, но во таква ситуација ВАР протоколот налагал да се поддржи судијата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Често пати се прашувам што ќе се случеше ако интервенирав. Критиките ги разбирам, но не моја сметка. Грешкатан а Мекели не беше очигледна, не можев ништо да направам. Од еагол видов дека има контакт помеѓу дефанзивецот и напаѓачот. Мислам дека престрого се досуди, но во таква ситуација морам да го поддржам судијата. Тоа го налага ВАР протоколот“, изјави Ван Бокел.
Пол Ван Бокел е судија на ФИФА од 2008 година, а во холандската лига почна да суди две години претходно.