Дома Фудбал Италија Полицијата го пронајде и го врати медалот на Пиоли

Полицијата го пронајде и го врати медалот на Пиоли

Mилан за викендот го освои Скудетото, а по прославата на титулата тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли откри дека некој му го украл медалот.

„Росонерите“ Скудетото го освоија после 11 години, а по победата против Сасуоло на теренот влегоа голем број навивачи.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


По прославата, тренерот Пиоли, откри дека некој тој цел хаос го искористил да му го украде медалот. Пиоли побара да му биде вратен медалот бидејќи тој му е единствениот.

„За време на прославата ми го украдоа медалот. Би бил благодарен доколку ми биде вратен затоа што тој ми е единствен“, гласеше изјавата на Пиоли.

Иако се мислеше дека шансите Пиоли да го добие истиот медал се мали, сепак поради глупоста која ја направија крадците тоа сега е реалност. Имено, тие се фотографираа со медалот, ја објавија фотографијата на социјалните мрежи.

Тоа значително и ја олесни работата на полицијата која ги пронајде и го врати медалот на тренерот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити израмни рекорд на Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите

Mанчестер Сити вчера ја забележа првата победа сезонава во Лигата на шампионите и славеше …