Дома Фудбал Останато Полицијата го приведе братот на Погба!

Полицијата го приведе братот на Погба!

Братот на францускиот фудбалер Пол Погба ги негираше обвинувањата дека се обидел да го ограби неговиот брат и од него да изнуди милион евра, но вечерва медиумите објавија дека тој е приведен како еден од осомничените.

Адвокатот на Матијас Погба, Ричард Арбиб во соопштението на својот клиент наведува дека ништо не знае за било каков обид за изнуда од неговиот брат Пол.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Обвинителството во Париз минатиот месец отвори истрага после информациите дека наводно Матијас и негов другар се обиделе од Погба да изнудат 13 милиони евра.

Случајот стигна до јавноста затоа што Матијас на социјалните мрежи објави дека ќе открие многу работи за својот брат, се споменуваше и фрлање на „црна магија“ на Килијан Мбапе.

За целиот случај се огласи и Мбапе кој јасно порача дека тој му верува на својот соиграч од репрезентацијата со кој го освои Светското првенство во 2018. Нема и причин да не биде така зато што досега во кариерата Мбапе за среќа не се соочил со посериоза повреда.

Последните информации се дека Матијас би можел да му биде одредена мерка пpитвоp додека трае истрагата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…