Точно на полноќ на 1. јули започна летниот преоден рок во Италија, Германија и Шпанија, а во тие земји ќе заврши на 2. септември.
Во Франција и Англија преодниот рок започна на 9. јуни и ќе трае до 31. август, а во петте најсилни лиги ова лето најмногу ќе следиме кој кого ќе продаде или купи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најновата трансфер шпекулација која ова утро ја пренесе Сан е веста дека Дамсгард, ѕвездата на данската репрезентација кое со своите игри воодушеви на Европското првенство е мета на најголемите европски клубови.
За 21-годишниот крилен напаѓач на Сампдорија се заинтересирани Ливерпул, Тотенхем, Барселона и Јувентус.
Според Сан, Ливерпул покажува најголем интерес, а Сампдорија за својот играч бара помеѓу 30 и 40 милиони евра.