Дома Топ вести Покрај Ориги, Милан сака уште една ѕвезда на Ливерпул

Покрај Ориги, Милан сака уште една ѕвезда на Ливерпул

Италијанските медиуми потврдија дека Милан постигнал комплетен договор со напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги.

Ориги на лето го напушта Ливерпул како слободен агент, а кариерата ќе ја продолжи на „Сан Сиро“. Белгиецот ќе потпише 3-годишен договор со „росонерите“ и ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Меѓутоа, „росонерите“ се заинтересирани за уште една ѕвезда на Ливерпил, а станува збор за Наби Кеита.

Кеита на крајот на сезоната влегува во последната година од договорот, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“.

Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој во Кеита гледа идеална замена за Франк Кеси, кој заминува на крајот на сезоната.

Многу европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис, па Милан ќе има сериозна конкуренција, меѓутоа „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…