Се поизвесно е дека Маурисио Покетино на лето ќе седне на кормилото на Челзи.
Покетино веќе почнал да прави летна селекција и му посочил на раководството дека главна трансфер желба е Хари Кејн од Тотенхем.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кејн веќе донесе одлука на лето да ја промени средината, а и Тотенхем е спремен да го продаде бидејќи напаѓачот влезе во последната година од договорот.
„Спарси“ за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони евра, а најсилен интерес за Кејн покажува Манчестер Јунајтед.
Челзи е спремен да се бори за потписот на Кејн и сака да ја победи конкуренцијата.