Фудбалерот на Манчестер Сити, Давид Силва на крајот од сезоната се очекува да ги напушти „граѓаните“ и да премине во редовите на Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам.
Оваа вест како ексклузива ја пренесе „Индепендент“ кој тврди дека заминувањето на шпанскиот плејмејкер на Флорида практично е завршена работа и дека голема улога во целата зделка има токму Бекам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Силва кој има 33 години следното лето ќе стане слободен играч бидејќи му истекува договорот со Манчестер Сити, а до сега неколку пати најави дека нема да потпише нов договор.
Одличниот Шпанец на „Етихад“ пристигна во 2010 година од Валенсија за сума од 26 милиони фунти и во меѓувреме стана еден од главните играчи во тимот.
Со Сити освои четири титули во Премиер лигата, Лига Купа и два ФА Купа.
Наредната сезона Интер Мајами ќе дебитира во американскиот фудбал, а во овој момент официјално имаат само тројца играчи.
Во прашање се Венецуелецот Кристијан Макум и Аргентинците Хулијан Каранка и Матијас Пелегрини.