Во Англиските медиуми пред неколку дена се појави веста дека Езгјан Алиоски на крајот ќе си замине од Лидс како слободен играч затоа што нема да му биде понуден нов договор.
Иако претходно редовно беше стартер, во последниот период Џани повеќе натпревари започан од клупата и за островските медиуми тоа е најава дека договорот нема да му биде продолжен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алиоски неодамна изјави дека кога само тој би се прашувал би останал во Лидс, но изгледа нема позтивен одговор од спротивниот табор.
Прв фаворит за потписот на македонскиот репрезентативец изгледа е Галатасарај. Фатих Термим кој го предводи турскиот гигант сериозно е заинтересиран да го доведе Алиоски.
Во Инстанбул Алиоски би пристигнал како замена за Марсело Сарачи кој е на позајмица до крајот на сезоната.
Ова не е првпат името на Алиоски да се поврзува со Галатасарај и додека беше отворен зимскиот преоден рок се пишуваше дека овој тим може да испрати понуда за Алиоски.