Американскиот новинар Зек Ло е убеден дека Леброн Џејмс е најдобриот кошаркар кој светот некогаш го видел.
Мајкл Џордан долги низа години е сметан за најдобриот кошаркар кој се појавил на паркетот, но новата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс му се заканува да му ја одземе таа „титула“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познатиот новинар на „ЕСПН“ верува дека Леброн со сигурност ќе биде најдобриот кошаркар во историјата, ако веќе не е тоа.
„Леброн ќе биде најдобар кога ќе ја заврши кариерата, ако веќе не е тоа. Во овој момент е „рамо до рамо“ со Џордан по прашањето најдобар во историјата. Откако ќе одигра уште четири „монструозни“ сезони, ако зборуваме статистички, тука нема да има никаква расправа“, изјави Зек Ло.
Статистички гледано Џејмс би требало да надмине Џордан во поголем број параметри, но тоа секако не е се што е важно во оваа расправа.