Дома Останати Тенис Познат е првиот финалист на Мастерсот во Мајами

Познат е првиот финалист на Мастерсот во Мајами

Италијанецот Јаник Синер ја продолжи одличната форма и за само 71 минута игра го совлада Данил Медведев со 2:0 во сетови во полуфиналето од Мастерсот во Мајами.

Рускиот тенисер против одличниот Италијанец освои само три гема, еден во првиот (6:1) и два во вториот (6:2). Буквално Синер го прегази противникот и докажа дека во овој момент е тенисерот со најдобра форма.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во 2024 година Синер има само еден пораз и тоа од Карлос Алкараз во финалето на Индијан Велс пред две недели.

Победата Синер ја најави со водство од 5:0 кога Медведев го освои првиот гем, меѓутоа веќе во следниот сет Синер го потврди освојувањето на сетот. Не се променија работите многу и во вториот сет, па Италијанецот само го приведе мечот кон крајот.

Во битката за титулата Синер ќе игра против подобриот од второто полуфинале помеѓу Зверев и Димитров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Ноле, зошто играш? Не можеш да ја освоиш 25. грендслем титула“

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер се сомнева дека Новак Ѓоковиќ некогаш ќе стигне…