Дома Трансфер зона Познато првото летно засилување на Барселона

Познато првото летно засилување на Барселона

Шпанските медиуми пренесуваат дека веќе се знае првото летно засилување за Барселона, а станува збор за десниот бек на Бетис, Емерсон.

Бразилецот беше купен од Барселона во 2019 година, но од тогаш игра во Бетис, кој има 50% од неговите права.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Емерсон одигра две одлични сезони, па Барселона донесе одлука во целост да го откупи играчот и да го врати на „Камп Ноу“.

Барселона за тоа ќе треба да му плати 9 милиони евра на Бетис, но ќе се обиде да ја намали таа сума и во трансферот да вклучи некој млад фудбалер.

Според информациите 22-годишниот десен бек веќе има комплетен договор со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…