Дома Топ вести Познато првото зимско засилување на Манчестер Јунајтед

Познато првото зимско засилување на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за играчот на Марсеј, Бубакар Камара и сака да го донесе во зимскиот преоден рок.

21-годишниот Французин игра одлично во Марсеј, но неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а тој веќе одби да ја продолжи соработката.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска.

Манчестер Јунајтед сака да го донесе Французинот бидејќи Ралф Рангник сака да го засили средниот ред, каде Матиќ е на залез на кариера, а Фред не е на посакуваното ниво.

Јунајтед веќе стапил во контакт со агентот и наскоро ќе испрати понуда до Марсеј за да го реализира трансферот во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…