Eден Азар од кога дојде во Реал Мадрид се соочува со огромни проблеми со повредите.
Белгиецот веќе една година функционира така што еден натпревар ќе одигра, па три-четири ќе прескокне поради повреда…Сега Азар се повреди во дуелот против Алавес во Ла Лига, му настрада мускулот на десната нога и мораше да излезе од игра после половина час. Според резултатите на денешните прегледи, тој ќе мора да паузира барем две недели.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ова значи дека Азар ќе ги прескокне натпреварите со Шахтјор и Менхенгладбах во Лигата на шампионите, како и двата натпревари против Севиља и Атлетико во Примера.
Според она што го пишуваат шпанските медиуми Азар од кога е дојден во Реал поради повреда пропуштил 36 натпревари, а одиграл само 28.