Утрово како бомба одекна од Лондон веста дека Жозе Мурињо е нов тренер на Тотенхем.
Маурисио Покетино вчера доби отказ, а веќе утрово беше објавено дека ќе го наследи Мурињо. Мурињо е скапа „играчка“, па Даниел Леви (првиот човек на Тотенхем) мораше да го одврзе ќесето за да го доведе Португалецот на клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пеп Гвардиола и понатаму е најплатен со 20 милиони фунти (23.300.000 евра) по сезона, меѓутоа сега веднаш зад него Мурињо.
„Дејли Мејл“ објави дека Мурињо во наредните три ипол години ќе заработува 15 милиони фунти годишно (околу 17.5 милиони евра) што двојно повеќе од она што го добиваше Покетино (8.5 милиони фунти годишно). Што Тотенхем ќе добие за тие пари останува да видиме. Факт е дека кариерата на Жозе во изминатите години е во пад и ова можеби е негова последна прилика да докаже дека се уште има квалитет да ги води најголемите клубови.
Најплатените тренери во Премиер лигата.
1. Пеп Гвардиола – 20 милиони фунти
2. Жозе Мурињо – 15 милиони фунти
3. Оле Гунар Солскјер – 7.5 милиони фунти
4. Јирген Клоп – 7.5 милиони фунти
5. Мануел Пелегрини – 7 милиони фунти
6. Ралф Хазенхулт – 6 милиони евра
7. Унаи Емери – 6 милиони евра
8. Френк Лампард – 5 милиони евра
9. Брендан Роџерс – 5 милиони евра
10. Еди Хау – 4 милиони евра