Дома Трансфер зона Познато колку ќе заработува Кејн во Манчестер Сити

Познато колку ќе заработува Кејн во Манчестер Сити

Манчестер Сити продолжува да работи на трансферот на ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн.

Англиските медиуми откриваат дека „граѓаните“ се спремни да му понудат на Кејн договор на 5 години, а откриени се и финансиските детали.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Имено, Хари Кејн на „Етихад“ ќе заработува 16 милиони фунти по сезона, а напаѓачот е спремен да каже ДА на оваа понуда.

Личните услови нема да бидат проблем, а потешкиот дел од трансферот сигурно ќе биде договор со Тотенхем, кој бара 160 милиони евра за својата ѕвезда.

Кејн побара од раководството да му биде дозволен трансфер, но има договор до 2024 година, па Тотенхем сигурно нема лесно да се откаже од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…