Дома Фудбал Останато Познато кога ќе продолжи холандското дерби

Познато кога ќе продолжи холандското дерби

Холандската фудбалска федерација го одреди датумот за продолжување на прекинатиот меч меѓу Ајакс и Феенорд.

Натпреварот беше прекинат во неделата во 56. минута кога при водство на Феенорд од 3-0 навивачите на Ајакс предизвикаа инциденти фрлајќи на теренот безброј факели и димни бомби.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Холандија соопшти вечерва дека натпреварот ќе продолжи в среда од 14 часот без навивачи на трибините, а дуелот меѓу Ајакс и Волендам, кој требаше да се одигра в среда, е одложен.

Ајакс најави дека ќе вложи жалбата на ваквата одлука, настојувајќи прекинатиот натпревар против Феенорд да биде закажан за почетокот на ноември, поради згуснатиот распоред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Енрике реагира по дебаклот: ПСЖ се вклучува во трката со Реал Мадрид за играч на Ливерпул

Челси вчера го декласираше ПСЖ и стана светски првак, а веќе денеска уследи реакција од тр…