Денес УЕФА и официјално потврди дека ќе на натпреварите на Европското првенство ќе има публика.
УЕФА соопшти дека секој домаќин ќе може самиот да оцени со колкав капацитет ќе може да бидат отворени трибините на стадионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Романија каде што Македонија ќе игра два натпревари (Австрија и Украина) планира да пречека 13.000 гледачи на арената „Национал“ во Букурешт, а целиот капацитет е 54.000 места.
На арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, каде што на 21 јуни ќе играме со Холандија, ќе можат да присуствуваат најмалку 12.000 гледачи.
Билетите во продажба треба да се пуштат во мај, а Македонија се очекува да добие околу 4.000 влезници за секој натпревар.