Хавиер Маскерано е на излезна врата од Барселона, а сега е откриено и кога точно ќе го напушти „Кам Ноу“.
„Мундо Депортиво“, весник кој е добро информиран за случувањата во Барселона потврди дека Маскерано ќе го напушти клубот после реванш натпреварот од четвртфиналето во Купот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот ќе се одигра на 25-ти јануари на „Камп Ноу“, па Маскерано ќе има можност да се прости од своите навивачи.
Барселона денес му гостува на Еспањол во првиот натпревар, но 33-годишниот Аргентинец е надвор од тимот поради повреда.
Аргентинецот кариерата ќе ја продолжи во кинескиот Хабеи, а Барселона од трансферот ќе добие 10 милиони евра.