Дома Фудбал Познато каква повреда заработи Белингам против Рајо

Познато каква повреда заработи Белингам против Рајо

На вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Рајо Ваљекано кој помина во знакот на Столе Димитриевски повреда заработи фудбалерот со најдобра форма во редовите на „кралевите“, Џуд Белингам.

Цели пет минути лекарскиот тим му укажуваше помош на младиот фудбалер, а тоа придонесе за страв кај навивачите. Сепак, Белингам го одигра цел натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Денес на Белингам му беа направени дополнителни лекарски прегледи и беше објавено дека се здобил само до дислокација на рамото. Повреда по која фудбалерите брзо се враќаат на терените, меѓутоа во првите моменти е исклучително болна.

Според најавите тој ќе паузира една недела и ќе го пропушти само гостувањето во Лигата на шампионите против Брага, натпревар кој се игра в среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажно: Победа мака мачи да не згасне – нема да игра во Втора лига

Eден од нашите најпознати фудбалски клубови, прилепска Победа минува низ тежок период во к…