Дома Фудбал Познато зошто ѕвездата на Барса игра со одврзани копачки

Познато зошто ѕвездата на Барса игра со одврзани копачки

17-годишниот Гави на почетокот на сезоната дебитираше за Барселона и со своите настапи ги воодушеви сите.

Гави стана стандарден во првата постава на Каталонците, притоа се избори и за место во шпанската репрезентација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овој тинејџер кој се смета за наследник на Иниеста го привлече вниманието поради еден интересен детал.

Имено, камерите го фатија дека на секој натпревар игра со одврзани врвки на копачките.

На многумина не им беше јасно зошто игра со одврзани копачки и се сметаше дека е тоа случајно, но сега медиумите ја објавија причината.

Гави не игра со одврзани врвки бидејќи копачките им се неудобни туку тоа му е ритуал за кој смета дека му носи среќа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човекот кој „забоде нож во срцето“ на Реал Мадрид, сега се враќа како тренер?

Алваро Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид. Претседателот на клубот, Флорентино П…