Дома Фудбал Познати се сите четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Еве кога е ждрепката

Познати се сите четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Еве кога е ждрепката

Феноменален натпревар се одигра во Мадрид. Интер победи со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на ЛП, а потоа таа предност ја удвои со голот на Димарко во 33. минута.

Антоан Гризман израмни две минути подоцна, а до самиот крај на регуларниот дел немаше голови. Потоа Мемфис Депај погоди за Атлетико во 87. минута и на тој начин обезбеди продолженија. Во продолженијата мрежите останаа мирни, а победникот беше одлучен на пенали.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По драмата во Мадрид ги дознавме сите учесници во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Тоа успеаја да го направат и Борусија Дортмунд, Барселона, Арсенал, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, Реал и ПСЖ.

Ждрепката е во петок во 12:00 часот, а тогаш ќе ги дознаеме и полуфиналните двојки од елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…