Интер е во интензивни преговори со напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, пренесуваат италијанските медиуми.
Кавани на крајот од сезоната ќе стане слободен играч и веќе некое време за него се борат неколку европски клубови, но Интер важи за фаворит за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бидејќи Мертенс одлучи да ја продолжи соработката со Наполи, Интер се сврте кон други опции, па како идеално решение се наметна уште еден искусен напаѓач.
Конте смета дека Кавани одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра, особено поради фактот што има големо искуство во Серија А.
Медиумите откриваат дека Интер на Кавани му нуди 2-годишен договор тежок 8 милиони евра по сезона и Уругваецот е спремен да ја прифати понудата и да се пресели на „Џузепе Меаца“.
?#Inter, assalto a #Cavani: bozza di contratto biennale da 8 milioni di euro netti a stagione! ('Sport Mediaset')
— calciomercato.it (@calciomercatoit) May 22, 2020
? #CMITmercatohttps://t.co/27InKt7knG