Иднината на Јулијан Дрекслер во Пари Сент Жермен е неизвесна, особено после доаѓањето на Нејмар и Мбапе, а медимите тврдат дека негова следна дестинација ќе биде Шпанија.
Како што пренесува „Дон Балон“, Дрекслер би можел да се пресели во Реал Мадрид. Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан е симпатизер на играта на гермнаскиот репрезентативец и смета дека иделано ќе се вклопи во неговиот тим.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Дракслер падна во втор план по доаѓањето на Мбапе и Нејмар, а од ПСЖ мора да се ослободат од поскапо платените играчи со цел да го исполнат финансискиот фер плеј.
Реал Мадрид тргна слабо во новата сезона во Примера, па се очекува значително да го засилат составот во следните два преодни рока.