Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Салцбург и српски репрезентативец, Страхиња Павловиќ.
21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а на Мундијалот ја доживеа својата целосна афирмација со добрите партии.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Примарна цел на Јувентус на лето ќе биде доведување на дефанзивец, а Павловиќ е на врвот на листата желби.
„Старата дама“ веќе работи на трансферот и сака да ја победи конкуренцијата, а самиот Павловиќ го потврди интересот.
„Вистина е дека постои интерес од Јувентус за мене, но не сум бил во Торино. Јувентус е голем клуб и секогаш е чест кога те поврзуваат со такви гиганти. Ќе видиме што ќе се случи, сега сум фокусиран само на Салцбург“, изјави Павловиќ.