Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска во зимскиот преоден кој треба да биде замена за суспендираниот Погба.
После суспензијата и на Фаџоли, Алегри по секоја цена сака да донесе засилување за средниот ред, а прва желба е данскиот репрезентативец и член на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и сериозно ја разгледува и опцијата да си замине од Лондон веќе во јануари.
Тотенхем исто така е спремен да се раздели со Хојберг во јануари, а Јувентус веќе ги направил првите контакти со неговиот агент.
„Старата дама“ сака да го доведе на позајмица со право на откуп, додека Тотенхем бара во договорот да биде ставена клаузула за задолжителен откуп.
🚨 Juventus are planning a loan deal for Pierre-Emile Højbjerg in January, with the option of signing the Tottenham midfielder permanently next summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 25, 2023
(Source: Calciomercato) pic.twitter.com/34KIqv0IWk