Дома Фудбал Италија Подготвен за Тотенхем, или сепак ќе почека?!

Подготвен за Тотенхем, или сепак ќе почека?!

Фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала доживеа повреда на мечот против Калјари.

Тешка повреда Дибала го одвои од теренот на подолг временски период, па така, нема да го гледаме околу еден месец.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој се повреди во мечот против Калјари, а големо прашање е дали ќе биде подготвен да заигра во Лигата на шампионите во мечот против Тотенхем.

И Јувентус и Дибала се уверени дека тоа ќе се случи, во секој случај би бил од голема помош за екипата на Масимилијано Алегри.

Дибала оваа сезона постигна 17 погодоци, има и 4 асистенции на 28 натпревари колку што одигра.

Сепак, постоеше период кога беше во криза, Алегри го испрати и на клупа по што имаше несогласности помеѓу управата на клубот и неговиот менаџер, како и неговиот брат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Конфликт на Куња со навивачите на Јунајтед /ВИДЕО/

Матеус Куња, играчот на Манчестер јунајтед, беше видливо вознемирен од однесувањето на нав…