Пеп Гвардиола сепак беше во право кога пред две години сакаше да го продаде Џо Харт и да ангажира нови голмани.
Поранешниот голман на Манчестер Сити, ги продолжи лошите игри прво во Торино, а сега и во Вест Хем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа во ремито со Стоук повторно беше виновник за голот, со што ја продолжи лошата статистика.
Имено, тој на досегашните 18 натпревари направи четири директни грешки за гол, исто колку сите други англиски голмани заедно на 179 натпревари.
Не е ни чудно што го изгуби местото прв голман во репрезентацијата, каде сега пред Харт се Џек Батленд, Џордан Пикфорд и Ник Поуп.