Доцна вчера вечер беа одиграни три натпревари во квалификациите за СП во Јужна Америка, а најмногу внимание привлекуваше мечот Аргентина – Чиле.
Во седмото коло од квалификациите за Мундијалот во Катар наредната година Аргентина и Чиле одиграа реми 1:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Гаучосите“ подобро го отворија натпреварот. Шанси немаше се до 22. Минута кога во казнетиот простор на гостите беше соберен Лаутаро Мартинез. Главниот судија после прегледувањето на ВАР покажа на белата точка. Одговорноста секако ја презема Меси кој го матираше голманот на Чиле за водство од 1:0.
Радоста за екипата на Скалони сепак не траеше долго затоа што само 13 минути подоцна Санчез ги врати работите на почетокот. Гостите изведоа еден прекин, топката на петерецот ја врати Медел, а од таму Санчез ја смести во мрежата.
Во второто полувреме скоро и да немаше никаква шанса, ништо посериозно не се случуваше пред головите, па немаше и промена на резултатот.
Уругвај и Паргвај исто така одиграа реми (0:0), додека Колумбија беше подобра од Перу со 3:0. Погодуваа Мина, Урибе и Луис Диас.