Дома Фудбал Погледнете ја бомбата од 30 метри со која Американецот го совлада легендарниот голман

Погледнете ја бомбата од 30 метри со која Американецот го совлада легендарниот голман

Синоќа се одигра финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ. Фудбалерите на САД во последната пресметка како домаќини во Тексас ги совладаа Мексиканците со резултат 2:0 и ја освоија титулата за најдобар тим во Северна и Централна Америка и на Карибите.

Решавачките голови ги постигнаа играчите од средниот ред Тајлер Адамс и Џовани Рејна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Посебно спектакуларен беше голот на Адамс, членот на англискиот Борнмаут. Во 45. минута, шутираше од речиси 30 метри, а поради моќта и прецизноста на ударот, дури и легендарниот Гиљермо Очоа беше немоќен во голот на Мексико.

Во 63. минута играчот на Борусија Дортмунд Рејна го реши прашањето за победникот. Американскиот репрезентативец со аргентински корени погоди од одбиена топка по одличниот продор на Кристијан Пулишиќ.

Голот на Адамс погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалскиот свет „гори“ поради зборовите на Анри по драмата во Лисабон: Не го сакам Реал, но од денеска…

Винисиус Жуниор и Џанлука Престијани се главна тема во фудбалската јавност низ светот отка…